Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лаже дека заради сиромаштија бројот на ученици се намалува

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лаже дека заради сиромаштија бројот на ученици се намалува
ВМРО-ДПМНЕ реагира на обвинувањата изнесени од опозицискиот СДСМ дека бројот на ученици во македонските училишта се намалува до алармантно ниво, како резултат на сиромаштијата и погрешните политики на Владата. „Генерациите кои денес учат во училиштата се родени во време на владеењето на СДСМ, а нивните родители и генерациите на нивните родители биле директни жртви на погубните политки кои ги водеше СДСМ во минатото“, стои во реакцијата на владејачката партија. Според нив, токму во владеењето на СДСМ, 200 000 семејства биле драстично осиромашени, а за демографијата тогаш никој воопшто не зборувал ниту се грижел. „Покрај тоа што ништо не превземаа, СДСМ изминатите години правеше опструкции преку нивните кадри и послушници во Уставниот суд на Република Македонија, па секој обид за подобрување на демографијата преку директна финансиска помош за повеќедетните семејства, превземено од ВМРО-ДПМНЕ, тие ја рушеа на Уставен суд“, се додава во реакцијата.
Слично

Поврзани вести