Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ ги одби барањата на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ ги одби барањата на СДСМ

Владејчката ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница на Извршниот комитет ги одби барањата на опозицијата за формирање техничка влада и за организација на предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

-Република Македонија во само шест години веќе три пати одржа парламентарни избори.“ - стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

Владеачката партија ја повикува СДСМ и нивните коалициони партнери да се вратат со свое учество во институционалните рамки на делување и низ дијалог во Собранието на Република Македонија, заеднички да се бараат решенија за сите предизвици на нашата држава и политички амбиент. Само низ институционален дијалог во Собранието, се подвлекува во соопштението, ќе можеме да придонесеме заеднички кон градење на доверба и подобри општествени и социјални услови и параметри за нашите граѓани. Тоа е нашата одговорност. Само со дијалог и дискусија за сите предизвици и отворени прашања и градење на конструктивна политичка клима, со цврсти и принципиелни позиции за зедничките ставови по важни и стратешки прашања, ќе се создадат поволни моменти во нашиот евроатлански интегративен процес, што е стратешки приоритет на нашата држава.

- Ние и понатаму ќе продолжиме да работиме на програмата која ја имаме ветено пред граѓаните на последните избори и за која тие гласаа, и понатаму ќе останеме фокусирани на подобрување на економската состојба на државата, справување со ефектите од европската должничка криза, реформи во клучните сфери, поддршка на здравството, образованието, земјоделието, пензионерите, социјалните случаи, невработените, привлекување на странски инвестиции, како и со реформи за приближување на нашата држава кон НАТО и ЕУ, се вели во соопштението од ВМРО - ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести