Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ оди на избори во април без разлика на оценката од ЕУ и САД

ВМРО-ДПМНЕ оди на избори во април без разлика на оценката од ЕУ и САД

ВМРО-ДПМНЕ останува на законски утврдениот датум за избори 24 април, дури и ако меѓународната заедница даде поинаква оценка, изјави денеска Илија Димовски на прес конференција.

- Нема ниту еден кредибилен аргумент поврзан со роковите и обврските, како и капацитетите на ДИК, кои зборуваат за тоа дека тие не се подготвени да ги спроведат изборите. ВМРО-ДПМЕ прифати се што беше ставено на маса од опозицијата, а на директен или индиректен начин во надлежност на СДСМ се и двата клучни ресора за спроведување на изборите на чело на МВР е нивниот генерален секретар, а ДИК има целосно променет состав, изјави Димовски.

Владејачката партија бара ДИК да оддржи јавна седница на која би присуствувале претставници од сите 4 политички партии за да се утврди дали постојат можности да се добијат услови за одржување избори на 24 април.

Слично

Поврзани вести