Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: РЕК Битола не произведува струја

ВМРО-ДПМНЕ: РЕК Битола не произведува струја

Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ објави дека од синоќа надвор од мрежа се трите блокови по тешка хаварија во котелскиот дел на Блок 3 во РЕК Битола која се случила вечерта, а веќе подолг период по тешките хавари надвор од мрежа се Блок 1 и Блок 2.

„Во текот на ноќта испаднал БЛОК 3 по хаварија во котелскиот дел од електраната , кој подолго време бил експлоатиран со технички проблеми поради несоодветниот скап увозен јаглен. Дали повторно станува збор за огромна хаварија по која Блокот беше забетониран и надвор од мрежа повеќе месеци? Дали повторно ќе плаќаме милионски суми за санација на последиците се само дел од одговорите кои ги чекаме од менаџерскиот тим, кој вчера вечер се збавуваше во хотелот Молика пеејќи песни“,соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека 50 отсто од домашнотот производство на електрична енергија во земјава доаѓа од РЕК Битола и дека ќе мора да се изврши интервентен увоз на електрична енергија.

„Сериозноста на состојба е уште поголема ако знаеме дека надвор од функција се и другите производствени капацитети поради лошо ремонтирање и одржување, а хидро-потенцијалот речиси на минимум. Згора на сѐ, МЕПСО е под хакерски напад и не знаеме како ги управува постројките во електроенергетскиот систем. Раководствата на Електрани на Македонија,РЕК Битола и МЕПСО мора да понесат одговорност“ смета опозицијата.

Од ЕСМ реагираат дека наскоро ќе бидат пуштени во употреба сите три блока во мрежа и дека во моментов се купува електрична енергија под многу поволни услови.

„Во текот на изминатиот период, како резултат на направените анализи на пазарот на електрична енергија, направена беше набавка на електрична енергија, со поволни цени кои на АД ЕСМ му овозможуваат намалување на трошоците на работа. Токму поради тоа РЕК Битола планирано работеше само со еден блок. Во текот на вчерашната ноќ, поради пукната цевка, што е честа појава, Блокот со кој работеше РЕК Битола испадна од мрежа. Електричната енергија е надоместена од сопствените производствени капацитети и не е направена никаква дополнителна набавка на хавариска струја, и не е направен дебаланс на системот како што се шпекулира. Веднаш се започнати пуштачки операции за враќање на еден од блоковите на мрежа и денес во попладневните часови се очекува истиот да биде приклучен. Согласно планот за производство се очекува до крајот на неделата да биде ставен на мрежа и вториот блок, додека на почеток на следната недела се очекува сите три блокови да бидат на мрежа“, гласи реакцијата на ЕСМ.

Слично

Поврзани вести