ВМРО-ДПМНЕ реагира за поднесените кривични пријави на СДСМ
Откако денеска опозицијата поднесе кривични пријави до обвинителството во врска со три случаи од владеачката партија се огласија со реакција притоа потенцирајќи дека тужбите на СДСМ се неосновани тужби без никаква правна аргументација.
„Денешната постапка на СДСМ е штур и површен пристап за дефокусирање на јавноста од законските процедури против Зоран Заев. Овој чекор на СДСМ нема никаква правна логика и аргументација. Ако СДСМ и Зоран Заев мислат дека на ваков начин ќе се извлечат, дека ќе се амнестираат себе и соработниците од нелегалните и незакоски дејствија, со кои самите се втурнаа во кал, а се обидуваат да ја втурнат и државата, треба да знаат дека се лажат“, се вели во реакцијата.
Слично
