ВМРО-ДПМНЕ реагира: СДСМ со манипулации и извртувања на зборови си тера дневна политика
- Постапките за измените на Уставот се водат целосно транспаретно, а во јавната расправа која се води се вклучени чинители од граѓанскиот сектор, надлежни институции и организации, експерти и универзитетски професори. Сите конструктивни сугестии помагаат во овој процес, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ после изјавата на претседателката на Комисијата за правда Рената Дескоска која бара власта да ја прекине постапката за уставни измени и да ги повлече предложените уставни амандмани.
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека уставните измени се во процедура во која се анализираат сите експертски ставови изнесени во јавната расправа и укажувањата на меѓународните институции и дека ќе биде постапено во согласност со највисоките интереси на граѓаните и државата.
Според владеачката партја СДСМ е е деструктивна структура која никогаш не нашла простор да предложи било што што може да и помогне на Македонија и на нејзинте граѓани, туку со манипулации и извртувања на зборови си тера дневна политика.
Изразија жалење што токму Рената Дескоска покажала непознавање на материјата и политизација, и дека доколку таа го прочитала мислењето на Венецијанската комисија немало да си дозволи толку многу да го извртува и да ја лаже јавноста, се вели во реакцијата на владејачката партија.
