Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ реагира: На СОНК не му е попречено правото на штрајк

ВМРО-ДПМНЕ реагира: На СОНК не му е попречено правото на штрајк

Од владеачката партија реагираат на обвинувањата од опозициската СДСМ дека деновиве се врши голем притисок врз членовите на СОНК да не излезат на закажаниот штрајк на наставниците.

Имено, во реакцијата после денесшната прес конференција на ВМРО-ДМПНЕ се соопштува следново:

„ВМРО-ДПМНЕ во својот мандат во образованието воведе значително голем број на проекти, преку кои им се олесни текот на образованието на професорите, учениците и студентите, а притоа и на нивните родители. Според она што СДСМ го кажува, се што прави ВМРО-ДПМНЕ е лошо, па еве ги прашуваме СДСМ дали и следните проекти кои што ги реализираше ВМРО-ДПМНЕ во својот мандат се лоши.

ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2006 година до 2014 го зголеми буџетот за 67%, односно од 13,5 милијарди денари во 2006 на 22,4 милијарди денари во 2014 година. Во периодот од 2006 до 2014 година изградени се над 40 нови основни училишта, извршена е санација и реконструкција во над 200 основни училишта, изградени се 4 нови средни училишта, извршена е санација и реконструкција во 70 средни училишта, изградени се нови 39 училишни спортски сали за потребите на учениците, отворени се 2 нови државни универзитети и 25 нови факултети, се набавуваат над 80 лабаратории за високообразовните и јавните научни установи во вредност од 1.6 милијарди денари. Воведено е бесплатно образование за сите, бесплатни учебници за сите ученици од основно и средно образование. Воведен е проектот компјутер за секое дете, воведени се дисперзирани студии во поголемиот дел од градовите во Република Македонија, се реализира проектот “1000 книги”, редовно се исплаќаат стипендии, основан е Фонд за иновации и технолошки развој и уште многу други проекти. Компаративно ако во 2000 година најниската плата во образованието изнесуваше 3.400 денари, а највисоката 7.600, во 2013 година тие износи се зголемени на 10.655, односно 20.694 денари. Оваа 2014 година, предвидено е зголемување за дополнителни 4%, за што се предвидени и средства во државниот буџет. Според законот за работни односи за период од 4 години реализирани се речиси 7.000 трансформации, во кои е вклучен и по еден претставник од СОНК, заради транспарентност и заштита на правата на вработените. Се доделуваат стипендии за наставниците кои ќе се запишат на еден од 200-те најреномирани светски универзитети. На СОНК во ниеден момент не му е попречено правото на штрајк кое што впрочем е и загарантирано со Уставот на Република Македонија. Доколку намерите на СОНК се искрени и без било каква заднина, а најмалку политичка, синдикалното раководство конечно треба да прекине со повиците за штрајк и да се врати на постојниот социјален дијалог, кој и досега одлично функционираше и заедно придонесувавме за унапредување на состојбите“.
Слично

Поврзани вести