Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ реагира на обвинувањата на Кирацовски

ВМРО-ДПМНЕ реагира на обвинувањата на Кирацовски

Откако дополнителниот заменик министер од редовите на СДСМ во Министерството за информатика Александар Кирацовски ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за малверзации во теренската проверка за Избирачкиот список, од владеачката партија велат дека со ова обвинување расте очајот и фрустрираноста на СДСМ од неуспехот на нивното сценарио.

„Ова не е ништо друго освен уште еден обид за креирање алиби за катастрофалниот пораз кој неминовно им престои.

Илјадниците граѓани кои СДСМ ги прогласи за фантоми излегоа дека се граѓани на Македонија, со долгогодишна адреса, со име, со презиме, со достоинство. За ваквиот обид СДСМ да ги навредува и исмејува сопствените граѓани, скапо ќе плати“, реагираат од партијата на Никола Груевски.

Од ВМРО очекуваат со приближувањето на датумот за избори во СДСМ да расте стравот.

„Како почнале Кирацовски и бандитското раководство на СДСМ на крајот не би не зачудило и сопствените членови да ги обвинат дека работат во интерес на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа параноична состојба во раководството на СДСМ ќе заврши на 5 јуни со нивниот десети јубилеен пораз, кога неславно ќе заврши нивното деструктивно сценарио“, се вели во соопштението.

Кирацовски обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сами составиле тимови кои треба да ги внесат податоците од теренската проверка на Избирачкиот список, во специјална електронска евиденција за потребите на Државната изборна комисија, образложувајќи дека министерката Арсовска Томовска и државниот секретар Јахи Јахија, на своја рака и без да ја запазат процедурата на врзан потпис, испратиле лица вработени во Министерството, кои тие самите ги избрале, да го вршат внесувањето на податоците што е спротивно на Договорот од Пржино и спротивно на Законот за Влада!

Слично

Поврзани вести