Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Прилепчани знаат кој направи повеќе за градот

ВМРО-ДПМНЕ: Прилепчани знаат кој направи повеќе за градот

Од владејачката партија реагираа на изјавата на пратеникот од редовите на СДСМ, Хари Локвенец кој рече дека премиерот Груевски не е пожелна личност во Прилеп и побара објаснување за „скандалот со корупција и провизија од 25 милиони евра за изградба на автопатите, споменати во ’бомбите’“.

„СДСМ со своите лаги стануваат бескруполозни, безобразни и сакаат граѓаните при очи, да ги направат слепи. Впрочем СДСМ и Локвенец губат допир со реалноста и држат партиски прес конференции во затворени кругови по штабовите, а Груевски е на терен со граѓаните и во само еден ден промовираше проекти во вредност од над 1 милион евра корисни за граѓаните на Прилеп и прилепско” –  велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Понатаму во соопштението, тие ги набројуваат сите проекти што ги направиле во Прилеп.

,,Болната вистина за СДСМ е дека тие не само што не направија ништо корисно за прилепчани и за градот, туку и го уништија и она веќе постоечкото. Да не заборавиме дека и оставија пустош со криминалната приватизација каде што граѓаните ги оставија на улица. Ридтекс, Политекс, Билјана, Солидност, Партизанка, се само дел од фабриките кои се опустошени од СДСМ.” – се вели понатаму во соопштението.

На крајот, тие велат дека прилепчани веќе му кажале на Локвенец дека тој е непожелна личност во градот, со поразот на парламентарните избори.

Слично

Поврзани вести