Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ предлага наместо тројца да се избираат 20 пратеници од дијаспората

ВМРО-ДПМНЕ предлага наместо тројца да се избираат 20 пратеници од дијаспората

Премиерот Никола Груевски инсистира на зголемување на бројот на пратеници од дијаспората во Собранието. Тој денеска изјави дека овој број требало да се зголеми од досегашните тројца на 20 пратеници од дијаспората, кои ќе се избираат во една изборна единица.

- Сакаме да се задржи можноста дијаспората да има свои претставници во Парламентот на Република Македонија. Дури мислам дека е прениско застапена и затоа дадовме една идеја во работните групи, ако и другите политички партии прифатат да го смениме моделот наместо три пратеници од дијаспората, 20 пратеници на дијаспората, односно наместо досегашните три изборни единици во кои се бираше по еден пратеник од дијаспората да има една изборна единица, а во неа да има 20 пратеници, па според гласовите што ќе ги добијат, односно како што ќе гласа дијаспората ширум светот, така да се распределат на пратениците коишто ќе бидат на таа специјална листа, рекол Груевски.

Изборите и изборната регулатива се прашањата кои оваа недела ќе се разгледуваат на работната маса на преговарачите. До 6ти октомври,четирите политички партии треба да се договорат за изборниот модел, изборниот список, надлежносните на ДИК и гласањето на дијаспората.

Слично

Поврзани вести