ВМРО-ДПМНЕ пред одлука – дали ќе поддржи предвремени избори?
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ на седница на Извршниот комитет вечерва одлучува дали ќе ја прифати иницијативата на коалицискиот партнер ДУИ и ќе поддржи предвремени парламентарни избори заедно со вториот круг од претседателските.
Претходно, партискиот врв заседаваше заедно со претседателите на помалите партии кои ја сочинуваат предизборната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ. Од нив, како што изјави Амди Бајрам, ВМРО-ДПМНЕ доби„слобода“ да донесе одлука каква што смета дека е најдобра.
„Дневник“ објави дека ВМРО-ДПМНЕ најверојатно ќе прифати предвремени парламентарни избори, а одлуката за распуштање на Парламентот би требало да биде донесена најдоцна до среда.
Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе ја одржи партиската конвенција на која ќе го избере својот кандидат за претстојните претседателски избори. Изборот е меѓу четворица потенцијални кандидати - актуелниот претседател Ѓорге Иванов, екс државниот јавен обвинител Ставре Џиков, професорот Јове Кекеновски и магистерот Божидар Ночев.
Слично
