ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците од опозицијата глумат дека се повредени
Преку соопштение ВМРО-ДПМНЕ го изнесе својот став за настаните кои му претходеа на денечното изгласување на буцетот. Тие сметаат дека Бранко Црвенковски е спречен во обидот да изврши државен удар.
„Пратениците на СДСМ и Црвенковски ја суспендираа демократијата. Разумот го заменија со насилство, провокации и рушење на легитимно избрана власт, зад која стојат граѓаните кој го дале својот глас на легални избори“, стои во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека приврзаниците на опозицијата сакале насилно даја соборат и освојат власта, носле луѓе од внатрешноста, мобилизирле поддржувачи од кои голем дел биле со криминално досие.
„Државниот удар на Црвенковски не помина и нема да помине, затоа што победи разумот. Затоа што институциите покажаа ефикасност, а народот победи, покажа зрелост но и одлучност да се каже не на политичките сили, кои цели дваесет години ја влечат назад државата“, стои во соопштението.
Во дописот на ВМРО-ДПМНЕ се истакнува дека патениците на СДСМ физички го нападнале претседателот на Собранието и други колеги пратенци, се тепале со обезбедувањето и лажно паѓале во несвест.
Инаку две пратенички од СДСМ, Весна Бендеска и Биљана Казанџиска, се примени во ургентниот центар откако полициското обезбедување во собранието насила ги иструрка од пленарната сала.Пратеничката Шеќеринска на раце беше изнесена од собраниската сала откако, како што вели ја прегазило полициското стампедо. На повреди се пожалија и пратениците Митре Вељановски и Миле Андонов, како и Птерседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.
Слично
