Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО ДПМНЕ повторно за Заев: страв, срам или мега скандал

ВМРО ДПМНЕ повторно за Заев: страв, срам или мега скандал
Струмичките тендери и однесувањето на опозицискиот лидер Зоран Заев, кој е градиначалник на Струмица, и денеска беа тема на прес конференција на ВМРО ДПМНЕ. Заев ги отфрли обвинувањата и изјави дека ако власта има докажи нека го уапси. На прес конференција Борче Стамов од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека фирмита „Зови Промет", „Сара Јавор Инжинеринг", „Тргопродукт", „Еленица" и „Ева Стаил" се дел од како што рече, кланот Заеви и се фирми кои добивале јавни набавки од општината и нејзините општински институции чии директори се назначени од  Заев.
„ Ако Заев вака работел како градоначалник, замислете како би работел како Премиер. За него нема да биде спорно ако тој е Премиер, а татко му да ја снабдува АРМ со храна, чичко му да ги снабдува болниците во цела Македонија со лекови, стрина му да обезбедува нафта за греење на училиштата, братучедите да ја снабдуваат државата со канцелариски материјали, а брат му да набавува возила за полицијата. Нели Заев нема да потпишува, ама за него тоа ќе го прават луѓето кој тој ќе ги назначи. Провидно и смешно", рече Стамов и додаде дека ова е мега скандал. Опозицискиот лидер уште еднаш ги отфрли обвинувањата и повтори дека она што е спроведено во Струмица е согласно законот. „Не им се плашам, туку ги сожалувам, зашто се провидни нивните прес - конференции преку кои обвинуваат“, изјави Заев и повика ако има нешто нечесно и незаконски, веднаш да поднесат кривични пријави и да го уапсат. „Се обидуваат да зборуваат за чест и морал мој и на моето семејство. Фирмите на Заеви вработуваат 800-тини луѓе. Познати се како најголеми донатори во регионот, а и пошироко во Македонија“, изјави лидерот на СДСМ за кого проблем во државата е владеењето во последните осум години, а премирот рече тој, ќе мора да даде одговори на крупни прашања.
И на овој одговор ВМРО ДПМНЕ врати со реакција. Велат дека Заев не треба да се плаши, туку треба да се срами. „Смешно е и срамота е да глумите некаков херој и да изјавувате дека не се плашите, прикажувајќи се себеси за херој, кога никој не Ве прашува за тоа дали се плашите. Не треба да се плашите, треба да се срамите зошто злуопотребувајќи ја функцијата градоначалник, ги наполнивте со тендери целата Ваша потесна и поширока фамилија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Слично

Поврзани вести