ВМРО-ДПМНЕ: Потребна е развојна туристичка стратегија за Охрид
Денеска во Охрид се одржа трибина посветена на туризмот и креирање најдобри развојни политики во организција на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид. На панел-дискусијата се разговараше за начините за унапредување и развој на туризмот како една од најважните стопански дејности во градот.
Присутните посочија дека владините мерки дале резултати, расте бројот на странски туристи во Охрид, пред се поради субвенционирањето на тур-операторите и поддршката на нискобуџетните авиокомпании, но и поради кредитните линии со ниски каматни стапки, наменети за помагање на малите и средните туристички бизниси и хотели.Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ забележаа деке е потребна подобра комуникација, соработка и координација на сите субјекти вклучени во развојот на туризмот во Охрид, но и вклучување на експертска јавност и бизнис-заедницата за креирање развојна туристичка стратегија.
„Мислењата на експертите се мошне важни во процесот на изнаоѓање најдобри можни решенија, и тоа не само во туризмот туку и во сите области од поширок општествен интерес. Она што ни останува нас е преку вакви трилатерални средби да овозможиме креирање најдобри развојни решенија, тоа ќе биде основа на функционирањето на идната локална самоуправа“, рече кандидатот за градоначалник на Охрид на ВМРО-ДПМНЕ Никола Бакрачески.
