Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО ДПМНЕ поддржува нова истрага за Никола Младенов

ВМРО ДПМНЕ поддржува нова истрага за Никола Младенов

ВМРО-ДПМНЕ поддржува надлежните институции да спроведат нова истрага во случајот на трагичната смрт на новинарот Никола Младенов, соопштија од владејачката партија, откако лидерот на СДСМ Зоран Заев објави аудиоматеријали кои јавуваат потреба да се спроведе нова независна, темелна и транспарентна истрага за загинувањето на основачот на неделникот Фокус, бидејќи претходната се водела неодговорно и непрофесионално.

„Немаме никаква дилема дека во овој случај е постапено одговорно, но заради потребата од целосната доверба во постапките и институциите поддржуваме нова истрага, под надзор на новинарската фела преставувана од здруженијата, луѓе од семејството, со увид на експерти, како што и секогаш во изминатиот период се залагаме за правна разрешница“, соопштија од партијата на Никола Груевски.

Оттаму велат, денешниот прес на Заев на кој повторно се пуштале сечени и креирани материјали, била класична злоупотреба на трагичната смрт на човек, исто како што направиле во случајот со “расчистеното убиство“ на Мартин Нешковски. - Да повториме, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи психозата која сака Зоран Заев да ја наметне на јавноста да биде прифатена од граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ поддржува нова истрага веднаш во рамките на позитивните закони и институции. Да потсетиме дека СДСМ и нивните медиуми и новинари две години шират илјада различни теории на заговор во врска со овој трагичен настан и врз основа на тие теории градеа позиции за политичка корист за себе и својата партија, стои понатаму во реакцијата. ВМРО ДПМНЕ ги повикува граѓаните да ги слушнат снимките и сами да заклучат и да ја видат, како што велат, лагата во воведите кои Зоран Заев усмено ги правел пред да ги пушти снимките.

Слично

Поврзани вести