ВМРО-ДПМНЕ пак го прашува Шилегов од каде му е имотот
Како портпаролот на СДСМ Петре Шилегов со минимална плата успеал да стекне голем имот, праша денеска повторно владејачката ВМРО ДПМНЕ. Куќа на три ката од 313 м2, два автомобили мерцедес и ауди, и стан во Кисела Вода од 88м2 - ова според партијата е имотот на Шилегов кој го стекнал со минималната плата што пријавиле дека ја заработуваат тој и неговата сопруга.
„Бидејќи е невозможно да се стекне со толку голем имот со минимална плата на која што тој и неговата сопруга пријавиле дека примаат, ние денес прецизно прашуваме, дали тој имот е стекнат затоа што Шилегов помагал на фирмата Семос да добива вредни бизниси. Да потсетиме во фирмата Семос на која Шилегов и помагал да добие вредни бизниси сопственички удел има сопругата на Бранко Црвенковки“, рече Даниела Рангелова, член на Извршниот комитет на партијата.
Таа побара одговор од Шилегов дали неговиот имот е стекнат преку местење на тендери и зошто секогаш кога фирмата на сопругата на Црвенковски се појавува на јавната набавка е конечен победник.
Слично
