Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО ДПМНЕ: Опозицијата продолжува со манипулации!

ВМРО ДПМНЕ: Опозицијата продолжува со манипулации!

Денеска опозицијата поднесе неколку кривични пријави против службеници од владеачката гарнитура на кои партијата на премиерот реагира после изјавата на Дамјан Манчевски  потенцирајќи го деструктивно сценарио на Заев.

Од ВМРО велат дека опозицијата продолжува со нивните правно нергументирани и неиздржани пријави до јавното обвинителстви базирани на манипулации, со цел да ја дефокусира јавноста.

 „Дамјан Манчевски е човекот кој јавноста го знае по две работи. Првата е аферата со паркинзите во Куманово, каде неговата фирма доби тендер од околу 400 илјади евра од неговиот сопартиец и градоначалник на Куманово, и второ по тоа што за најголем свој успех го смета фактот дека е десна рака на Радмила Шекеринска и аминџија на сите нејзини погубни политики. Ете со ваков човек СДСМ се обидува да ја манипулира јавноста. СДСМ наместо да прави алиби за штетата која ѝ ја нанесува на Македонија и на граѓаните, треба да одговори на десетиците прашања кои јавноста ги има кон нив, а се поврзани со секојдневните лаги кои ги пласираат и сами си ги демантираат.
Нивното сценарио е целосно разобличено. На сите им е јасно дека СДСМ направи крајно низок обид да се добере до власт по секоја цена, без поддршка од народот, без избори, користејќи креирани и сечени материјали добиени на криминален начин од некој кој не ѝ мисли добро на Македонија.

Ете ова е вистината за СДСМ и нејзините деструктивни политики кои кај граѓаните воопшто не поминуваат“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести