Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ оди на избори на 24 април, странците во шок, ќе се констатира оставката на Груевски!

ВМРО-ДПМНЕ оди на избори на 24 април, странците во шок, ќе се констатира оставката на Груевски!

24 април е датумот на кој од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донеле одлука да се одржат предвремените парламентарни избори.

Претходно, владејачката партија излезе со соопштение во кое се вели дека партијата во целост ја прифаќа методологијата на ДИК за прочистување на Избирачкиот список.

Пратеникот и координатор на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на својот фејсбук профил кратко напиша „ОДИМЕ“, споделувајќи објавен текст на медиум во кој се вели дека ИК на  ВМРО-ДПМНЕ донел одлука за избори на 24 април.

Дали ВМРО-ДПМНЕ со ова потврдува дека предвремени избори ќе има на овој датум иако за тоа се уште нема официјален договор од сите учесници на преговорите и е прекршен рокот за оставка на премиерот Никола Груевски сто дена пред изборите?

Инаку, за во 17 часот е закажана собраниска седница на која ќе треба да биде констатирана оставката на премиерот Никола Груевски.

Премерот Груевски на 14 јануари јавно објави дека ќе ја депонира својата оставка која ќе биде ефективна во зависност од денот на одржување на изборите.

Плусинфо пак пишува дека странците останале шокирани од оваа одлука на партијата на власт.

Како што пишуваат, најмногу ги изненадила намерата на ДУИ да ја поддржат оваа одлука, и покрај тоа што во претходните два дена продолжија преговорите на работните групи и имаше вшечаток дека партиите сепак ќе се одлучат за одложување на изборите за да бидат исполнети сите точки од Пржино.

Според изведбата и намерите, оваа операција наликува на класичен државен удар, нов црн понеделник, велат експерти за Плусинфо.

Слично

Поврзани вести