ВМРО ДПМНЕ одбива специјалниот обвинител да има сопствен тим
Владејачката партија не дозволува специјалниот обвинител да формира сопствен тип со којшто би работел на аферата ,,Прислушување” и случајот ,,Пуч”, јави дипломатски извор на НОВА близок до вклучените во преговорите.
Дипломатски извор за порталот вели дека во тимот на специјалниот обвинител биле потребни најмалку десет обвинители, затоа што има веројатност да се јави потреба од покренување истражни дејства и во странство. Тој вели дека специјалниот обвинител е невозможно да ја заврши сам целата работа.
Иако рокот за специјалниот обвинител истекува за два дена, политичките партии никако да најдат заедничко решение.
Слично
