Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека се соочуваме со највисоката инфлација од 1995 година

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека се соочуваме со највисоката инфлација од 1995 година

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека ја имаме највисоката инфлација во Македонија од 1995 година. 

Велат дека мерките кои ги донесе Владата се задоцнети. 

„Денес инфлацијата е широко распространета и сите ја чуствуваме! Инфлацијата го јаде животниот стандард на народот. Неуспешното справување на оваа Влада со инфлацијата може да се согледа во фактот што сличната инфлација од 2008 година никој не ја памети. Тогаш, вистинскиот раст на платите, даночните реформи со кои се зголеми расположливиот доход на населението и фирмите, намалувањето на придонесите и многу други успешни политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ успеаја да го задржат животниот стандард на граѓаните и да не ја чуствуваме инфлацијата. Сега, имаме погубна севкупна маркоекономска политика! Време е за избори!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Граѓаните наскоро ги очекува ново поскапување на струјата. 

Потврда за растот на трошоците за живот пристигнува од Државниот завод за статистика, каде пресметале дека за една година индексот на трошоците на живот пораснале над 10 отсто. Како што пишува ДЗС во последното соопштение трошоците на живот во април оваа година во споредба со истиот месец минатата година имаат раст од 10,5 отсто, додека пак цените на мало пораснале за 11,1 процент.

Слично

Поврзани вести