Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ има најголем интерес од одлуката на Уставниот суд

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ има најголем интерес од одлуката на Уставниот суд
ВМРО-ДПМНЕ реагираше на изјавата на портпаролот на опозицијата, Петре Шилегов, во која судиите кои гласаа „за“ претседателот да може да помилува осуденици за изборен криминал, тој ги нарече послушници на владејачката партија. Според партијата, тие останувале на ставот секој што направил криминално дело да одговара и се сомневале дека од ваквата одлука на Уставниот суд најголем интерес има СДСМ. „ВМРО-ДПМНЕ е партијата која и покрај противењето на СДСМ во 2009 година ги предложи измените во Законот за помилување. Со тие измени се предвиде да не може да има помилување за одредени категории осуденици како оние на кои им одредена казна за дела поврзани со избори, педофилија и слично. ВМРО ДПМНЕ останува со ист став и денес. Секој што сторил каков било криминал, треба да одговара. Таков беше ставот и кога обвинетиот криминалец Зоран Заев беше аболициран од страна на Бранко Црвенковски. Затоа ВМРО ДПМНЕ отворено се сомнева дека токму СДСМ има најголем интерес за една ваква одлука"- стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Слично

Поврзани вести