Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО – ДПМНЕ: Нови рудници и рестартирање на старите

ВМРО – ДПМНЕ: Нови рудници и рестартирање на старите
Во нови рудници во Македонија ќе се отворат 350 работни места, предвидува ВМРО-ДПМНЕ во својата изборна програма. Според Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ, со работа на овие рудници ќе се овозможи стабилен развој, а ќе се отворат нови работни места низ целата территорија на државата. Освен ова, ќе се рестартираат и дел од старите рудници. „Тајмиште во Кичево ќе започне со работа втората половина од 2016 та , каде дополнително ќе се вработат 400 работници. Иловица до 2017 та ќе прерасне во најголем рудник за бакар, злато и сребро, кој ќе вработи 500 лица. Во завршна фаза е и Плавица, рудник кој се очекува да започне со работа во 2017 та и да бидат ангажирани најмалку 300 работници Во Иловица Тонско Во завршна фаза е и истражувањето на рудникот Боров Дол – Конче , кој се очекува да се стави во функција во 2017 та, а дополнително ќе вработи 100 лица“, додава Делев. Во прогамата на ВМРО ДПМНЕ предвидено е сите нефункционални објекти кои се во државна сопственост да им бидат понудени на фирмите за симболичен надомест. За возврат приватниот партнер ќе треба да ги уреди и да вработи лица.  
Слично

Поврзани вести