Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Невработеноста е последица од мафијшкото владеење на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Невработеноста е последица од мафијшкото владеење на СДСМ

Од владејачката партија во соопштение до јавноста велат дека големата стапка на невработеност била дело на опозицијата и нејзиното ,,криминално-мафијашко” владеење.

,,Најголем дел од економските политики што ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ се во насока да ги санираат штетните последици од криминално-мафијашкото цунами кое и го направи СДСМ на македонската економија” – стои во соопштението на партијата.

Понатаму во реакцијата, владејачката партијата набројува што се направила за да ја намали невработеноста во дражавата.

Велат дека до сега се отворени 144 842 работни места повеќе од во времето на опозицијата.

,,Разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е што во време на СДСМ се затвараа фабрики, а во време на ВМРО-ДПМНЕ се отвораат нови фабрики.” – велат од владејачката партија.

Оваа реакција следи по соопштението на СДСМ, во кое партијата ја обвини актуелната влада за масовното иселување на 450 илјади Македонци од државата.

Слично

Поврзани вести