Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ:Народот не сака вандализам, крвопролевање и украински сценарија

ВМРО-ДПМНЕ:Народот не сака вандализам, крвопролевање и украински сценарија

Народот не сака вандализам, крвопролевање и украински сценарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија обвинуваат дека СДСМ конечно призна дека демолирањето, физичките напади, палењето и уништувањето на спомен обележјата се прави со единствена цел Зоран Заев да избега од соочување со граѓаните на изборите на 5-ти јуни.

Потенцираат дека вчера ДИК потврди со огромно мнозинство дека се исполнети условите за избори на 5-ти јуни.

„Откако се објави дека сестрата на Радмила Шеќеринска, Јани Макрадули, Гордан Ѓеорѓиев и други функционери на СДСМ се т.н фантомски гласачи, се виде дека сето ова беше уште една огромна манипулација произведена во фабриките за афери на СДСМ. Прекинувањето на кривичните постапки од страната на претседателот Иванов не е во согласност со принципите на ВМРО-ДПМНЕ. Криминалците како Заев и злосторничкото здружение околу него мора да одговараат. Нема граѓанин на оваа земја кој не се згрози од начинот како криминалецот Зоран Заев бараше едно евро за црквата, едно за Вицето“ - реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Велат дека за само четири месеци Оливер Спасовски за 7 нивоа го незаконски унапреди сопругот на министерката, Фросина Ременски и уште 500 партиски послушници.

Од партијата велат дека граѓаните сакаат мир, просперитет, нови работни места и подобра иднина.

Слично

Поврзани вести