Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ најавува ревизија за министерот Спасовски

ВМРО-ДПМНЕ најавува ревизија за министерот Спасовски

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе дојде време кога ќе направат ревизија на работењето на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и незаконското работење на кадри на СДСМ во МВР.

Велат дека за работењето ќе лична одговорност на одредени лица. Партиските кадри на СДСМ ги потсетуваат дека нивното време истекува.

„Ревизијата на нивните партиски хајки и незаконско работење кои ги спроведува СДСМ преку МВР ќе бидат темелно евидентирани и ќе имаат соодветна разврска, со лична и конкретна одговорност на сите вклучени. Деталната ревизија на незаконското работење на послушниците на СДСМ ќе биде спроведена во централата на МВР, во секоја полициска станица, во секој град, во секое СВР, во секое одделение на МВР, во секој сектор на МВР, во секоја дирекција и управа на МВР. Ниту една незаконска постапка нема да помине неказнето. Во секој град, во секоја општина и во секоја полициска станица. Наредбата од СДСМ до МВР на Оливер Спасовски е по секоја цена да се поднесуваат кривични пријави против државните и локалните членови ВМРО-ДПМНЕ, без оглед на тоа што се работи за монтирани случаи“ - реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Политичкиот прогон кон сите неистомислениците набрзо ќе заврши, со исход како и секогаш досега во македонската историја. Македонската историја суди и подучува, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести