ВМРО ДПМНЕ на оглас бара замена за Илија Димовски
Нов директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ бара партијата, откако актуелниот Илија Димовски најави дека ќе ја напушти функцијата затоа што во овој мандат ќе биде координатор на пратеничката група на владејачката партија.
До 30 јуни трае рокот до кога можат дасе пријават заинтересираните кандидати. Тие треба да бидат членови на ВМРО-ДПМНЕ, да подигнат прашалник од седиштето на партијата и пополнет да го вратат со професионалната биографија. ВМРО-ДПМНЕ ќе организира интервјуа и разговори со кандидатите и потоа ќе изврши селекција, а новиот директор на Центарот за комуникации ќе го избира Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Димовски ќе ја координира пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, на местото на Силвана Бонева.
„Повлекувањето е од професионална причина, практично двете функции не може одеднаш да се тераат како што треба“, изјави Димовски за Плусинфо.
