ВМРО-ДПМНЕ му пиша „кец“ на Заев за пораката кон учениците
Силни реакции пристигнуваат од ВМРО-ДПМНЕ и повеќе провладини медиуми кои дадоа лоша оценка за видео обраќањето на Заев кон учениците во пресрет на почетокот на новата школска година. Тие му замеруваат што го исполитизирал обрзованието, како и дека се дрзнал да врши агитација на најмладите со испраќање на инструирани пораки.
Од СДСМ пак, возвратија дека за партијата на Никола Груевски, скандалозно е и кога некој посакува идните генерации да размислуваат со своја глава и гласно, да се борат за своите права и за подобро утре.
Школската година според информациите на Министерството за образование ќе почне непречено и во сите училишта. Оваа година запишани се 21.213 првачиња кои за прв пат ќе седнат во училишни клупи.
Слично
