ВМРО-ДПМНЕ: Мијалков барем признава кога ќе згреши
Од владејачката партија реагираа на прашањата на СДСМ за тоа како успеал Сашо Мијалков незабележано да помине вооружен на македонскиот аредром.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека граничната полиција има обврска да врши проверка на патниците за влез и излез од Македонија, а за проверка на личен багаж е надлежната служба за аеродромското обезбедување.
„ Мијалков потврдува и признава кога ќе направи пропуст.. Тој не лаже и не манипулира. Факт кој е несвојствен и неразбирлив за СДСМ. За нив е својствена и очекувана ваквата реакција со сите конфузни и контрадикторни детали и лаги“, соопшти владејачката партија.’’- велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ексдиректорот на македонската тајна полиција вчера веше приведен на аеродромот во Белград, откако му беше најдено оружје во багажот.
Од македонскиот аеродром се бранат дека било човечка грешка тоа што дозволиле Мијалков да помине со пиштол на патната контрола.
