ВМРО-ДПМНЕ: Манчевски нема ни срам ни кредибилитет
Од владејачката партија реагираа на изјавата на потпретседателот нСДСМ Дамјан Манчевски, кој ги обвини за државен рекет и криминал во изградбата на најавените Шпански скали на Поштадот Македонија.
,,Дамјан Манчевски е човек без срам и без никаков кредибилитет. Безобразието кај овој човек и кај бандитите од СДСМ оди дотаму да зборуваат за наводно изигрување на законот, а самиот Манчевски е човек кој веќе зад себе има неколку криминални афери" - велат од ВМРО-ДПМНЕ
- Манчевски е човекот кој на јавноста и е познат по криминалните тендери со Градоначалникот на Куманово од редовите на СДСМ. Манчевски преку фирмата “Метропаркинг” од Белград успеа да намести тендер заедно со О. Куманово во вредност од половина милион евра, пари на граѓаните, а притоа да не понесе никаква одговорност. Вечниот привезок на Шеќеринска и нејзин шеф на кабинет очигледно добро го научил занаетот од неговите ментори кои се докажани бандити и хоштаплери, а уште подокажани неработници - стои во реакцијата на партијата.
Понатаму во соопштението ВМРО-ДПМНЕ потсетува на се што владејачката партија направила од 2006 до сега.
