ВМРО-ДПМНЕ: Локалното население ги отфрла уфрлените провокатори од СДСМ
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат за денешниот инцидент во Сингелиќ, каде еден волонтер физички беше нападнат пред лидерот на партијата, Никола Груевски, затоа што го критикувал и барал одговорност за поплавите.
„Се работи за човек кој е дел од локално население, каде мнозинството се етнички Албанци на кои им се помага во расчистување на последиците од невремето. Снимката е доказ дека локалното население е револтирано и ги отфрла уфрлените провокатори од СДСМ и нивните привезоци, кои свесно и намерно имаат за цел, наместо да помагаат да предизвикуваат инциденти“- стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека лицето кое се гледа на снимката како удира со тупаници по активистот, не е член на партијата ниту е дел од тимот на Груевски.
