ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за работничките права
Владата на ВМРО-ДПМНЕ постојано работи на унапредување на работничките права, додека СДСМ зад себе остави 200.000 работници на улица со погрешни политики и дозволувајќи секој да го гази достоинството и трудот на работниците, тврдат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Во писмената реакција на денешната пресконференција на Мила Царовска од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека Владата сега вовела низа законски прописи кои се насочени токму кон подобрување на правата на работниците - воведен е концептот на бруто плата и интегрираната исплата на плати и придонеси, со кој работодавачот има обврска да ги плати и даноците и придонесите на плата, воведена е минимална плата, донесен е Законот за безбедност и здравје при работа, како и Закон за заштита од вознемирување на работно место.
„Овие реформи за заштита на работничките права беа незамисливи во време на СДСМ. Тие кога ја имаа можноста да направат нешто за работниците, се занимаваа со распродажба на државниот капитал, богатење на партиската олигархија и уништување на македонското стопанство. Ако се грижеа за работничките права немаше да доведат до раб на егзистенција 200.000 работници и нивните семејства“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Слично
