ВМРО ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за искористеност на ИПА
Лицемерно е СДСМ да зборува за искористеноста на европските пари, кога за време на владеење на нивните “ЕУ-експерти” Македонија не ни успеа да добие акредитација за ИПА инструментот, реагираат од владејачката ВМРО ДПМНЕ на пресконференцијата на Лидија Димова од СДСМ.
„За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ досега има повлечено околу 130 милиони евра од ИПА компонентата. Европските пари учествуваат и ќе продолжат да се искористуваат за битни проекти како на пример автопатот Демир Капија- Смоквица“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата на власт заклучуваат дека „СДСМ никогаш не даде отчет за својата работа и затоа се нервозни кога ВМРО-ДПМНЕ тоа го прави“.
Слично
