Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО – ДПМНЕ: Лага се обвинувањата на Заев за Груевски

ВМРО – ДПМНЕ: Лага се обвинувањата на Заев за Груевски
Лага и измислица е пресконференцијата на лидерот на СДСМ Зоран Заев во која тој го обвинува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски дека зел 1,5 милиони евра на рака од познат бизнисмен, тврди владејачката партија. ВМРО-ДПМНЕ со соопштение се огласи на обвинувањата за партискиот лидер и застана во негова одбрана, нагласувајќи дека „овој начин на однесување не е нов за СДСМ“. „Ваквото однесување на Заев е класичен кукавичлук и катастрофален обид да го сокрие изборниот срам што се случи во неделата“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа обвинување доаѓа од човекот кој се откорна од делење тендери на своите браќа, братучеди, чичковци, снаи и доаѓа од човекот кој доби аболиција за сторен криминал од 8 милиони евра од неговиот ментор Бранко Црвенковски. За ова, Заев ќе добие нова казна од граѓаните на 27-ми април. Таа порака ќе биде поубедлива од онаа што ја доби на 13-ти април, затоа што продолжува да ги потценува. Тој се нуди себе си да биде премиер на државата, а не покажува ниту грам почит кон граѓаните, а најмалку покажува достоинство“, се додава во реакцијата.  
Слично

Поврзани вести