За ВМРО-ДПМНЕ кривичните на СДСМ се обид за пазарење и дефокусирање на јавноста!
Во врска со денешните кривични пријави кои опозицијата ги поднесе до Јавното обвинителство за владеачката гарнитура истите се неосновани.
СДСМ, мисли дека со тие кривични пријави ќе може да се пазари и да го спасува Зоран Заев од судските постапки против него, сметаат од владеачката партија.
- За Зоран Заев очигледно дека постојат несоборливи докази кои што го потврдуваат неговото однесување, во еден правец за неговиот обид за дестабилизација на државата, рушење на институциите, закани, користење на креирани материјали од странски центри, а во друг правец за негово учевство во криминално-финансиски случаи, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Кривичните пријави според ВМРО-ДПМНЕ се провиден обид за пазарење и дефокусирање на јавноста од суштинските прашања, а тоа било обидот на СДСМ заради гола борба за власт да испорача услуга кон странски центри кои не и мислат добро на Македонија. - Ова сценарио на СДСМ во соработка со странски центри за дестабилизација на Македонија е прочитана работа. Граѓаните го препознаа нивното деструктивно делување и не им веруваат. На сите им е јасно дека СДСМ се обидуваат со креирани и монтирани материјали да се доберат на власт, без поддршката на граѓаните, стои понатаму во реакцијата на владеачката гарнитура.
Слично
