Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Костовски и Дамјановски Куманово го претворија во личен посед

ВМРО-ДПМНЕ: Костовски и Дамјановски Куманово го претворија во личен посед

На денешната „бомба“ која опозицијата ја објавуваше од Куманово, каде градоначалник е  Зоран Дамјановски, владеачката гарнитура со остра реакција вели дека СДСМ со цел да го прикрие скандалот од вчера во кој наводно Заев издал државна тајна за донација во опрема за  специјалната единица во МВР денес набрзина  стуткал, монтирал, и прилепил снимки за својата прес конференција во Куманово

„Денес улогата на спасител на Зоран Заев му падна на Мартин Костовски, кумашинот на градоначалникот од СДСМ, Зоран Дамјановски. Токму Костовски и Дамјановски се предводниците во екипата на СДСМ во Куманово кои градот го претворија во свој личен посед“, стои во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

 „ВМРО-ДПМНЕ е згрозена од обидот на Зоран Заев и СДСМ да направи удар врз безбедносниот систем на Република Македонија и врз капацитетите на специјалните сили на Министерството за внатрешни работи. Посебно сме фрапирани од атакот кој Зоран Заев го направи спрема пријателски држави кои многу пати до сега и помагале на Република Македонија.
Зоран Заев според информациите објавени од медиумите издаде државна тајна за набавка на опрема и оружје за специјалните единици на Република Македонија и за комуникација помеѓу безбедносни системи на две држави, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Слично

Поврзани вести