ВМРО-ДПМНЕ контра СДСМ: Решението кое се донесе е системска мерка
Откако опозицијата излезе со став за новите вработувања кои ги најави Владата од владеачката партија и обвини дека власта сега сака, по објавувањето на аферата со прислушување, да ги вработи луѓето на кои со години им ветувале вработување. се јавија со контра реакција.
Имено тие потенцираат дека опозицијата е против обезбедувањето на сигурна егзистенција на над 3000 семејства во ова држава. СДСМ е против трајно решение на овој проблем не затоа што е лош законот, туку само затоа се води од сопствените тесно партиски интереси, а не од интересот на граѓаните.
„Законското решение кое се донесе е системска мерка која се однесува на широк круг на луѓе кои беа ангажирани со договори на дело, авторски договори, или друг вид на договори, сега тие ќе добијат адекватно пензиско и здравствено осигурување, и остварување на сите права од редовен работен однос“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата на власт додаваат дека СДСМ наместо да придонесе за поквалитетно законско решение, продолжува со деструктивно однесување.
