ВМРО-ДПМНЕ ќе врти топчиња, а СДСМ бара поврат на ДДВ
По скандалната лотарија за вработување во Македонски шуми, со која владеачката партија си ги згрижи партиските послушници, владата на Никола Груевски сака да организира лотарија со фискални сметки, за уште еднаш да се наградат членовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Господа од власта, вашите лотарии и вашите игри нема да ги решат проблемите на граѓаните, ниту ќе ја подобрат фискалната дисциплина. После седум години владеење на ВМРО-ДПМНЕ јавноста тоа многу добро го знае. На народот му е доста од игри и лотарии, очекува решавање на нивните проблеми“, посочуваат од партијата.
Оттаму порачуваат Владата сериозно да размисли за предлогот на опозициската партија за поврат на дел од средствата за ДДВ кон граѓаните.
„Предлогот на СДСМ е да им се врати дел од парите на граѓаните од данокот, кој секојдневно и секаде го плаќаат. Со реализацијата на овој предлог до 130 милиони евра, секоја година, директно ќе се вратат кон граѓаните. Со тоа, секое семејство во Македонија, во просек ќе има меѓу 20 и 30 илјади денари годишно повеќе пари во семејниот буџет“, појаснуваат од партијата и додаваат дека ако актуелната Влада не ја спроведе оваа предлог мерка, тогаш тоа ќе го направи идната Влада предводена од СДСМ.
Слично
