ВМРО-ДПМНЕ ќе го достави предлогот на ССМ за зголемување на платите како амандман во Собрание
ВМРО-ДПМНЕ по состанокот со Сојузот на синдикатите на Македонија во нивно име ќе го поднесе предлог амандманот во Собранието за промена на ребалансот на буцетот со кој ќе се предвидат околу 30 милиони евра дополнително за зголемување на сите плати линеарно за вработените во јавниот сектор за 2.806 денари.
Средбата се одржа на покана на координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски. На средбата се разговараше за предлог амандманот кој ССМ го достави до пратеничките групи со цел истите да го достават согласно своите надлежности до Собранието.
Со предлогот за изменување и дополнување на буџетот, амандмански треба да се интервенира и да се обезбедат средствата за од 1 јули да се зголеми основната нето плата на вработените во органите на државната и на локалната власт, како и во областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, армијата, полицијата како и во други дејности од јавен интерес кои ги извршуваат агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија.
„Во текот на денот претставниците на ССМ и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат во координација за амандманот и официјално да биде доставен до Собранието согласно процедурите.
Очекуваме сите пратеници да го поддржат амандманот на ССМ кој ќе го достават пратениците од ВМРО – ДПМНЕ поради тоа што соработката претставниците на работниците и претставниците на народот е значајна алка за унапредување на работничките права и во иднина треба да биде пракса за надминување на сите предизвици“, објави синдикалното здружение.
Слично
