ВМРО-ДПМНЕ ќе биде единствена партија на гласачкото ливче
Државната изборна комисија денеска одлучи кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери, да го добие редниот број 1 на гласачкото ливче за изборите на 5 јуни.
Листите на НДМ се отфрлени, затоа што не се отстранети неправилностите за кои партијата на Јанко Бачев имаше 24 часа рок да ги отстрани. Од ДИК потврдија дека СДПМ ги повлече своите кандидатски листи.
Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски рече дека е беспредметно да се расправа бидејќи кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е единствена потврдена.
Дали има потреба и уставен основ ДИК да продолжи со работа кога на изборите на 5 јуни ќе учествува само една партија, прашаа членовите на ДИК од ДУИ и СДСМ. За оваа тема на работен состанок ќе се дискутира утре.
