ВМРО-ДПМНЕ кај странците ќе се жали за Законот за еколошка такса
Владата на РСМ го достави предлогот за еколошка такса на нафтените деривати како Закон кој треба да се усогласи со правото на Европската Унија, користејќи го европското знаменце за да се донесе во значително побрза постапка, односно да не може опозицијата да го блокира со безброј амандмани, а дебатата истовремено не ќе може да трае повеќе од три дена.
Бране Петрушевски, пратеникот на ТВ24, денеска во дебата на ТВ24 најави дека ВМРО-ДПМНЕ во овој случај ќе го пријави како злоупотребуван кај странците законот со кој се планира да се соберат 54 милиони евра од граѓаните.
Доколку се дрзнат овој закон да го протнат со Европско знаменце, рече тој ние повторно ќе ги известиме сите релевантни меѓународни институции и претставниците на Европската комисија и сите амбасади.
-Ќе ги известиме дека Владата шверцерски, насилнички и без дебата на опозицијата носи законски решенија. И тоа во време кога Европската унија тотално го напушта тој механизам за еколошка такса, оваа влада го воведува, посочи Петрушевски.
Со еколошката такса, нафтените деривати ќе поскапат за 3,5 денари, без ДДВ. Од Министерството за животна средина и просторно планирање на денешниот брифинг со новинарите информираа дека средствата од најавената еколошка такса ќе бидат наменети за инвестирање во енергетски капацитети што ќе ги користат обновливите извори на енергија во земјава.
