Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Јовановски лаже, нема намалување на пензиите

ВМРО-ДПМНЕ: Јовановски лаже, нема намалување на пензиите

Нема намалување на пензиите на граѓаните, а со одлуката да се вложува во државните хартии од вредност дополнително се обезбедува сигурност на пензиските фондови и пензиите на граѓаните, еврообврзницата се издава за да донесе странски капитал однадвор, за да се подобри ликвидноста, односно да се доведат свежи средства во домашната економија, истакна ВМРО-ДПМНЕ негирајќи ги тврдењата на опозициската СДСМ дека идните пензионери ќе имаат намалени пензии.

„Зоран Јовановски познат по катастрофалните предлози за девалвација на денарот, денеска излезе со нови невистини и шпекулации пред јавноста. Само за потсетување, СДСМ издаде евро обврзници во висина од 150 милиони евра, а во тоа време не се покачуваа пензиите, ниту пак навремено се исплаќаа. Изгледа им пречи покачувањето на пензиите од страна на ВМРО-ДПМНЕ со кое не се дозволува намалување стандардот на граѓаните и затоа СДСМ постојано одат со вакви прес-конференции“, стои во реакцијата на партијата.

Како што претходно објави Фактор, потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски на денешната прес конференција, посочи дека идните пензионери ќе ги трпат последиците од она што власта им го стори на приватните пензиски фондови, и тие ќе имаат пониски пензии доколку фондовите ја задржеа, наместо предвреме да ја продадеа еврообврзницата.
Слично

Поврзани вести