ВМРО – ДПМНЕ ја промовира програмата – ветува 64.000 нови вработувања
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва на централниот митинг на плоштадот „Македонија“ во Скопје ја промовира новата изборна програма која содржи 2.046 нови проекти и предвидува отворање 64.000 работни места.
Како што наjави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, станува збор за најквалитетната и најдобрата политичка програма објавена досега во Република Македонија. Во неа се содржани проекти во сите области што ќе им го подобрат животот на сите граѓани.
Фокусот во програмата е на економијата и креирањето работни места. Предвидена е изградба на инфраструктурни и други големи проекти, како и мерки и активности за бизнис-секторот, за вработените во јавниот сектор, за младите, пензионерите, земјоделците...
Програмата е изработена со учество на многу експерти и со вклучени идеи од граѓаните што, според владејачката партија, ја прави реална и остварлива, велат од ВМРО – ДПМНЕ. Таа содржи конкретни рокови за реализација, надлежните институции кои ќе бидат одговорни и начинот на кој ќе се обезбедуваат потребните финансии, а ВМРО-ДПМНЕ се обврзува и на отчет за сработеното.
Слично
