ВМРО-ДПМНЕ ја повика опозицијата да објави се што има!
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ја повика опозицијата слободно да објави се што најавува веке некој период во јавноста.
„Свесни дека и денес, како и веќе два месеца наназад, некој од опозицијата ќе излезе да се сили со бомби, да се храбри, да се удира во гради со разни неартикулирани напади врз нашата партија, ВМРО-ДПМНЕ овојпат превентивно го повикува раководството на СДСМ, по трет пат во последните две недели, слободно да објават што имаат во јавноста, доколку воопшто нешто имаат, наместо верглања во место како што практикуваат. Поучени од искуството досега и начинот на тоа како тие функционираат, знаеме дека ќе реагираат дека сме нервозни, но јавноста гледа дека денес единствено СДСМ е нервозен откако почнавме јавно да ги повикуваме да излезат со наводните докази“, напиша ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
Слично
