ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за антидржавно однесување
Со денешното антидржавно соопштение СДСМ само го потврди кажаното од Заев, а граѓаните не ни очекуваат ништо повеќе од СДСМ кој ниту лани, ниту годинава не собра храброст да изрази достојна почит кон македонските бранители“, соопштуваат од владеачката партија преку соопштение објавено на нивната веб страна.
Од партијата на Никола Груевски велат дека „Заев и Спасовски неколку часа откако во Диво Насеље гинеа македонските бранители, додека цела Македонија беше во црно, побрзаа да се смешкаат и да позираат како недоветни, сликајќи се на местото каде своите животи ги положија хероите.
„Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов акцијата на безбедносните сили во која гинеа македонските бранители подбивно ја нарекуваше „играње камај“, а новинарските перјаници на СДСМ подгреваа етничка омраза со лаги и манупулации за измислени цивилни жртви.
Ова е СДСМ и граѓаните тоа јасно го видоа по којзнае кој пат. Дури и една година подоцна реториката на СДСМ не е променета.
Нивните партиски активисти секојдневно ги омаловажуваат безбедносните сили, ги напаѓаат и им посакуваат „да им се деси Куманово пак“.
Оливер Спасовски не присуствуваше за време на постхумното одликување на загинатите бранители“, пишуваат во соопштението.
Тврдењата на опозицискиот лидер дека ќе се дознае вистината за настаните и вооружената пресметка во Куманово, за ВМРО дпмне се срамна манипулација и злоупотреа на трагични настани и човечки судбини во политичка конотација.
