ВМРО-ДПМНЕ: Ја намаливме невработеноста и создадовме илјадници работни места
На обвинувањата на СДСМ дека премиерот ги осиромашил граѓаните со погрешните политики реагираше владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат во време на а ВМРО-ДПМНЕ невработеноста забележала рекореден пад од 39% на 26,8% потенцирајќи ги новите отворени фабрики .
Во време на ВМРО-ДПМНЕ се намали невработеноста од рекордни 39% на 26,8%. Во време на ВМРО-ДПМНЕ се отворија десетици фабрики низ цела Република македонија, велат од владејачката партија.
„Отворивме нови 140.000 работни места, се реконструираа и изградија нови училишта, градинки, болници, амбуланти, театри, спортски сали, игралишта и мноштво други проекти кои го подобрија живот на граѓаните и ги разубавија општините низ цела република Македонија“, велат во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ обвинија за корупција која однела многу работни места.
„Додека Груевски и фамилијата се богатеше во изминатите години, граѓаните едвај врзуваа крај со крај, луѓе остануваа без работа. Последната лоша вест е дека 1.000 рудари останаа без работа. Корупцијата што царуваше во изминатите години однесе многу работни места и избрка многу инвеститори од земјава“, соопштија од СДСМ.
