ВМРО-ДПМНЕ: Изјавата на Манчевски е показател дека на СДСМ му пречи успешна Македонија
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека срамната изјава на Дамјан Манчевски е показател дека на СДСМ не само што му пречи успешна Македонија, туку му пречат и луѓето кои се едни од најважните членови на тимот кој постигнува врвни економски резултати во време на економски и политички кризи.
„Ставрески беше дел од економскиот тим кој ја намали невработеноста од 38% во време на СДСМ на историски најниски 24,5%. Менторите на Дамјан Манчевски од СДСМ беа дел од тимот кој ја спроведе срамната приватизација и ја раскрчми државата. Ставрески беше дел од економскиот тим кој во Македонија донесе повеќе од 50 директни странски инвестиции кои резултираа со илјадници работни места. Менторите на Дамјан Манчевски беа дел од економскиот тим на СДСМ кој избрка 200.000 луѓе на улица, ја уништи економијата и судбините на стотици илјади Македонци. Ставрески може да се пофали со придонес кон отворање на повеќе од 150.000 нови работни места“ - стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Успешна Македонија е кошмар за СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ и сметаат дека очајот, паниката, гневот, ароганцијата и нечовечноста во СДСМ се видливи за сите, освен за нив самите.
