ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во клинч: ќе се менуваат ли законите за одење во пензија?
Нов пакет мерки за враќање на средната класа и подобрување на условите за живот предложи лидерот на опозицијата Зоран Заев. Заев смета дека во време кога граѓаните едвај преживуваат, а во изминатите неколку години во Македонија се создала исклучително богата партиска олигархија блиска до владејачката ВМРО-ДПМНЕ, неопходно е да се превземат мерки кои ќе ги заштитат социјално загрозените, сиромашните и ранливите групи.
Дека ситуацијата е алармантна, според опозцијата покажуваат и податоците од кои се гледа дека повеќе од 30% од граѓаните живеат сиромаштија, а најбогатите 20% од граѓаните во Македонија располагаат со доход колку и сите останати 80% од граѓаните. Токму поради тоа, повторно излезе со нов пакет мерки, а кои опфаќаат докуп на стаж и воведување на државна социјална пензија, заминување во пензија со 35 години за жени и 40 години за мажи, зголемување на социјалната помош, но и на пензијата.
Ваквите предлози на опозицијата експресно беа отфрлени од владата. Министерот за финансии, Зоран Ставрески ги оцени како нереални, без сериозна анализа и пресметка за трошоците. За Ставрески, Заев немал ниту кредибилитет, бидејќи ветувал дека ќе оствари нешто што никогаш кога имал шанса претходно ни СДСМ, ни тој не го остварил.
Претходно опозицијата имаше предлог да се вовде даночна реформа, која исто така ќе биде во насока на враќање на средната класа, односно богатите да плќаат повеќе данок од сиромашните, но и тој предлог на опозицијата беше одбиен од страна на Владата и оценет како паушален и нереален.
ШТО ПРЕДЛОЖИ СДСМ, И СО КОИ АРГУМЕНТИ ВМРО-ДПМНЕ ГИ ОДБИ ПРЕДЛОЗИТЕ
Докуп на стаж и државна социјална пензија
СДСМ предложи можност за докуп на стаж и воведување на државна социјална пензија за оние кои ќе останат без никакви примања, бидејќи како што велат има илјадници граѓани кои се постари од 65 години, но немаат пензија, оти не го исполнуваат законскиот минимум.
„На оние граѓани на кои им недостасуваат до 5 години работен стаж за да стекнат право на пензија, ќе им овозможиме да извршат докуп на тој стаж. За граѓаните коишто нема да извршат докуп на стаж и не се корисници на каква било парична помош од државата, владата на СДСМ ќе воведе државна социјална пензија. На почетокот таа ќе биде во висина од 40% од просечната старосна пензија, изјави Зоран Заев претседател на СДСМ.Ваквиот предлог на СДСМ, за владејачката ВМРО-ДПМНЕ, е нелогичен бидејќи истата можност била укината токму во времето кога СДСМ била на власт.
„Зоран Заев предлага докуп на работен стаж до 5 години. Токму оваа мерка СДСМ ја укина во 1994 година кога СДСМ беше на власт. Ако имаше ефект зошто самите тие ја укинаа? Ваквите мерки не се системски, туку се применуваат само во еден интервал, тоа е современа практика, возврати министерот за финансии, Зоран Ставрески.Ставрески, дополнително посочи дека ваква мерка веќе имало од август 2012 година до февруари 2013 година, кога беше овозможено сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите да си го докупат стажот до 5 години. Таа мерка тогаш ја искористија околу 2000 лица и добиле старосна пензија. А оние кои се постари од 65 години и се материјално необезбедени добиваат постојана парична помош, со што предлогот за државна социјална пензија е веќе опфатен во постојаниот систем на социјална заштита преку правото на постојана парична помош. Заминување во пензија со 35 години стаж за жени и 40 години за мажи Опозициската СДСМ предлага враќање на старото решение за заминување во пензија со работен стаж од 35 години за жените и 40 години за мажите. Со оваа можност пензија ќе може да се добива врз основа на старост, како што е постојното решение, и врз основа на работен стаж, врз основа на новиот предлог. За овој предлог на опозицијата во ВМРО-ДПМНЕ велат дека практиката на двоен модел на пензионирање не е тренд во современите искуства. Дополнително тоа може да значи дека ако се оди во пензија со пензиски стаж, тогаш може да се случи некој работник што на пример почнал да работи на 35 години да треба да работи до 75 години за маж или 70 за жена, наместо до 64 или 62 како што е сега. Начин и рок на усогласување на висината на пензијата Опозиционерите предлагаат да се промени начинот и рокот на усогласување на висината на пензиите. Сега, врз висината на пензиите подеднакво влијаат промената на трошоците на животот и промената на платите. Во иднина, висината на пензиите, СДСМ предлага да зависи повеќе од промената на трошоците на животот, а помалку од промената на платите. Тоа е добро за пензионерите, бидејќи во поголема мерка ќе се сочува нивната куповна моќ.
„Во соработка со здруженијата на пензионерите, владата на СДСМ ќе воведе „пензионерска потрошувачка кошничка“, која ќе служи како основа за следење на трошоците на животот на пензионерите. Тоа е исто така поволно за пензионерите, бидејќи пензиите ќе се усогласуваат со промена на цените на оние стоки и услуги што самите пензионери ќе ги оценат како најважни за нивната потрошувачка, изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ.Но, исто така опозционерите предлагаат да се скрати периодот за усогласување на висината на пензиите.
„Наместо постојното решение за усогласување на висината на секои шест месеци, висината на пензиите ќе се усогласува на секои три месеци. Тоа е особено поволно за пензионерите, бидејќи ќе овозможи побрзо приспособување на пензиите. Така ќе се избегне сегашната ситуација, каде основните животни продукти често поскапуваат за краток период, а пензионерите мора да чекаат половина година за да им се зголеми пензијата, изјави Зоран Заев, претседаел на СДСМЗаев не ја говори вистината кога вели дека СДСМ предлага зголемување на пензиите, возвратија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Усогласувањето на пензиите е редовна работа, а реално зголемување на пензиите е нешто сосема друго, нешто што Владата на СДСМ никогаш не го направи, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ го направи неколкукратно. Усогласувањето може да значи зголемување за некој процент, но реалното зголемување значи зголемување за десетици проценти како што ние направивме. СДСМ никогаш не зголеми пензии, напротив им одзема на пензионерите 8% од пензиите, а пензиите ги исплаќаше во три групи, изјави министерот за финансии Зоран Ставрески.Ставрески, дополнително посочи и дека сега просечната пензија е зголемена за 50 проценти, од 7.688 во септември 2006 на 11.540 денари во август 2013. Најниската пензија во државата е зголемена за 64 проценти, а највисоката за 33 проценти. Само во 2013-та, вкупното зголемување на пензиите заедно со индексацијата е за 7,35 проценти. Од март 2014-та пензиите ќе се зголемат за 5 проценти.
„За разлика во периодот пред 2006, кога воопшто немаше зголемување на пензиите и не се вршеше соодветно усогласување со трошоците за живот, се доцнеше и со исплата на пензии. Оваа Влада покрај редовното усогласување изврши дополнително зголемување на пензиите, и редовна месечна исплата за претходниот месец, изјави Ставрески.Да се зголеми социјалната помош за 40% во рок од 4 години СДСМ најави зголемување на социјалната помош за 40% во рок од 4 години.
„Секоја година, владата на СДСМ ќе ја зголемува социјалната помош по 10% годишно. Во рок од четири години по доаѓањето на власт, тоа ќе значи зголемување на висината на социјалната паричната помош за 40%. Тоа зголемување ќе се однесува на, корисници на социјална парична помош, корисници на постојана парична помош, постојана парична помош за корисниците неспособни за работа и материјално необезбедени и паричниот надоместок за нега и помош од друго лице, изјави лидерот на опозицијата Зоран Заев.Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека Заев зборува оти ќе направел нешто што досега никогаш не го направил. Заев зборува дека ќе направи нешто, што ВМРО-ДПМНЕ веќе го направи.
„Од 2006 до 2013 година, социјалната парична помош е зголемена за 40,49 проценти , додека постојаната парична помош од 2006 до 2013 година е зголемена за 39 проценти. Социјалната парична и постојаната парична помош ќе се зголемат за дополнителни 5 отсто од 1.3.2014 година, изјави министерот за финансии, Зоран Ставрески.Посебен закон за правата на лицата со посебни потреби Последниот предлог на СДСМ е да се донесе Закон за правата на лицата со посебни потреби кој темелно и на системски начин ќе влијае врз многу витални области од животот тие лицата со посебни потреби. Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека во собраниска процедура се измени во Закон за социјална заштита и Закон за заштита на децата, во кои се предвидуваат четири нови права, и тоа, воведување на додаток за потполно глуви лица во износ од 4000 денари, додаток за мобилност за лица со квадриплегија во износ од 7000 денари месечно, паричен надоместок за самохрани родители кои што во наредните 15 години ќе се грижат за своите деца со пречки во развојот а кои не исполнуваат услови за старосна пензија и тие ќе го добијат овој паричен надоместок во висина од 8.000 денари, и се воведува зголемување за 50 проценти на посебниот додаток на самохрани родители на деца со пречки во развојот. Дополнително посчиоја од владејачката ВМРО-ДПМНЕ ДЕКА во тек е оглас за вработување на 300 лица со инвалидност во јавната и државната администрација. С.Н.
Слично
