Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО ДПМНЕ и СДСМ: кој лажно ветува, а кој е фрустриран?

ВМРО ДПМНЕ и СДСМ: кој лажно ветува, а кој е фрустриран?
ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се судрија за изградбата на клинички центар. Опозиционерите обвинија дека ВМРО постојано ветува, а не гради, а владејачката партија врати дека фрустрацијата и гневот се причина за јаловите критики од страна СДСМ. Уште 2010, на 20 октомври, од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека Владата на Груевски започнала со активностите за проектирање и изградба на нов Клинички центар, но ова е четврта година оттогаш, а нов Клинички центар досега нема“, велат од СДСМ. СДСМ: тоа се само ветувања Според опозицијата, Груевски веќе петпати досега најавувал изградба на нова Клиничка болница во Штип На изборите во 2006-та година премиерот вети реконструкција на штипската болница. На изборите во 2008, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ повторно ветија реконструкција на болницата. пет години подоцна, на изборите во 2011, премиерот излезе со ветување за нова болница во Штип. две години потоа, на локалните избори во март, Груевски ја вети новата болница за ноември 2013. Во јануари 2014, новата болница во Штип е се уште “во најава“, велат од СДСМ. Притоа изнесоа обвинување дека Владата не дозволувала гасификација на Медицинскиот центар Струмица, иако гасот како најевтин енергенс бил достапен во овој град. Од СДСМ запрашаа зошто нема информации за состојбата во која се наоѓа одделението за физикална терапија и рехабилитација во Велес, за чија реконструкција биле издвоени 140.000 евра. Реакција на ВМРО ДПМНЕ Фрустрацијата и гневот се причина за јаловите критики од страна СДСМ кој нема доблест да поздрави ниту еден проект реализиран од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој е корисен на граѓаните, се вели во реакцијата на владејачката партија во којашто се истакнува дека социјалдемократите се единствениот воопшто субјект во земјата кој не ја поддржува изградбата на нов Клинички центар
„Жал ни е што СДСМ не може да го види она што и граѓаните, докторската фела и медиумите денеска го забележаа на терен, а тоа се активностите кои се дел од процесот на изградба на нов Клинички центар. Се работи за комплексен процес чија тежина и капитално значење бара повекегодишно проектирање и конкретна работа. Еден од причините зошто се гради сосема нов клинички центар, а не се врши реконструкција на постојните клиники е токму поради хроничното запоставување кое го правеа сите влади на СДСМ", се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Слично

Поврзани вести