Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се уште се караат за јавните набавки во Струмица

ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се уште се караат за јавните набавки во Струмица
Десетици тендери во вредност од над 20 милиони денари доделил струмичкиот градоначалник Зоран Заев на фирмата "Дикор" во сопственост на Димчо Иванов, сопруг на пратеничката од СДСМ Цветанка Иванова, обвинува владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, 14,5 милиони денари и биле исплатени на оваа фирма преку 42 договори за јавни набавки кои ги склучила со општината, а останатите 5,5 милиони со шест договори со општинското комунално претпријатие. "За Зоран Заев, очигледно други фирми во Струмица освен оние во сопственост на семејството Заеви и нивните бизнис партнери, како и да не постоеле. Ако на некого не му беше јасно како Зоран Заев и фирмите на кланот Заев заработиле 2 милиони евра во само една година, со овие документи тоа лесно се гледа. Тендерите одат на прецизно селектирани фирми, а тие фирми понатаму се најуспешните и најпрофитабилните фирми во Струмица", изјави Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ. Според СДСМ, целокупната тендерска документација за сите јавни набавки во Струмица е објавена, а институциите веќе утврдиле дека сите тендери се законски спроведени. „Во период кога СДСМ и задава силни удари на власта, откривајќи сериозни скандали поврзани со криминал и корупција, наместени милионски тендери, предизборна корупција на медиуми, криење на станови и разграбање на државно земјиште во центарот на главниот град за 71 денар, ВМРО-ДПМНЕ немоќна да се справи со овие скандали бега од одговорите што и ги должи на македонската јавност“, наведува СДСМ во реакцијата.  
Слично

Поврзани вести