ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ ги предложија првите сведоци пред Анкетната комисија за прислушувањето
Пред почетокот на денешната седница на Анкетната комсија за прислушувањето е соопштено дека први сведоци ќе бидат Никола Груевски, Зоран Ставревски и Гордана Јанкуловска
Од владеачката гарнитура побараа сведоците кои ги предложија своите искази да ги даваат на седница која ќе биде затворена за јавноста бидејќи, како што тврдат ќе биле соопштувани информации од доверлив карактер.
Имено, опозициската СДСМ предложи сведоци пред комисијата да бидат Сашо Мијалков, Миле Јанакиески и Мартин Протуѓер.
Предвидено е двете активности да се одвиваат паралелно почнувајќи од понеделник, 7 декември до 22 јануари идната година, а потоа до конечниот извештај којшто треба да биде готов на 31 јануари доколку е потребно ќе се направат дополнителни посети на институции и сослушување експерти.
Извештајот на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето треба да содржи хронологија, утврдување политичка одговорност и препораки.
